Изложба
Тематската изложба ,,Приказни од дворот,, од уметницата Симонида Филипова Китановска ќе биде отворена денеска во Ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,,. Богатото творештво е далеку од традиционалното, туку е современо.
– Не се потребни зборови за опис на уметноста на Симонида. Всушност, тоа е една од најслушаните изјави на посетителите на нејзините изложби. Втората најслушана реченица е всушност прашањето до кога е отворена изложбата? Не мал број се враќаат да ги видат сликите, затоа што им прави да се чувствуваат добро. Уметноста е стар занает на мешање на пигмент со вода и сликање на хартија направена од памук. Таа е самоодржлива, чиста форма што не бара експликација. Замислена е во умот на уметникот пред чинот на сликање. Уживање во шоуто – вели Тони Китановски.
Филипова Китановска е професионален уметник и член на ДЛУМ од 1988 . Уметничката кариера е константно обележана со бројни меѓународни и домашни претстави на самостојни и групни изложби. Добитник е на домашни и меѓународни награди. Последниве години речиси исклучиво слика во техниката акварел.