ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (77)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

17. Во 1939 година браќата Дамјаноски Ристе и Никола направија куќа со подрум како кула со надворешни скали, сега не постои е разрушена.

18. Во 1941 година браќата Новачески Јован, Божин и Велјан направија куќа едноспратна со отворен чардак од крај на крај на куќата, сега внатре живее Цветкоски Гоце.

19. Во 1942 година Павлески Петрев Ванчо направи нова куќа со подрум и отворен чардак од крај на крај на куќата. Куќата е зачувана, но никој во нејзе не живее.

20. Во 1942 година Јованоски Тодор Бубуз направи нова куќа, иста копија како од Павлески Ванчо. Куќата Тодороска денес не постој, е срушена.

21. Во 1942 година браќата Ристе и Крсте Јанкоски направија куќа исто копија како куќата од Ристе Велјаноски, куќата не постој, е срушена.

22. Во 1942 година Тошески Божин Јолески направи нова куќа. Таа куќа денес не постој, е срушена.

23. Во 1943 година Стојаноски Илија Котески направи нова куќа. Таа куќа сега е рушевина.

24. Атанасоски Ристе Танески во 1943 година направи куќа. Сега во куќата живее Танеското потомство.

25. Во 1943 година Мурџески браќа Јованче, Степан, Мите и Цветан и покрај умирачката на татко му Ристе направија куќа. Таа сега не постои, рушевина е.

26. Во 1943 Јошески Петре Николоски направи куќа покриена со ржаница, сега не постои.

27. Во 1943 година Мурџеските браќа Цветан и Јован направија куќа, сега сеуште постои осамена и е на пат да биди рушевина.

28. Во 1946 година Танеските браќа Ордан и Димко направија куќа покасно сопствено на Димко, сега е рушевина.

29. Во 1947 година Ризоски Коле Бошески направи куќа, сега таа куќа е рушевина.

30. Во 1947 година Јованоски Цветан Крушка направи нова куќа со визба и подѕидок на тавано за обесување суви балина тутун. Со модерни дрвени врати и прозорци широки, убавица во селото, сега е рушевина.

31. Во 1947 година почна да се гради училиштето во с. Марул.

32. Јованоски Јован во 1948 година ја турна кулата од бегот Тефик, направи нова куќа. Куќата сега постои со изменет покрив, се работи за Јован Курела.

33. Во 1948 година Ризоски Борис Бошески протуѓеро направи куќа која сега е рушевина.

34. Анѓелески Илија Кадијата во 1948 година направи нова куќа, сега таа е тотално разрушена, уништена. Имаше многу убави европејски ѓерамиди.

35. Во 1948 година месец март училиштето во Марул почна со редовна школска настава. Беше завршено со градбата.

36. Во 1948 година Петрески Ванѓел Бабјак направи куќа на чајрот над горното патче за на падарница. Сега е срушена. Додека ја направи куќата Ванѓел беше делен од родителите и браќата, живееше кај Чоневци.

37. Во 1947 година Јованоски Ванѓел Јоноски се дели и направи куќа, ја покри со ржаница, сега е разрушена.

38. Во 1949 година Јанкоски Ладе направи куќа во огратчето, ја покри со ржаница, изгоре во 1953 година.

39. Во 1950 година Јованоски Димитрија Јоноски ја направи куќата и се дели, денес куќата е урната.

40. Браќата Бабјакоски Ванчо и Алекса направија куќа, при делбата ја поделија, сега не постои во 1950 год.

41. Атанас Здравески Чонески во 1950 година направи куќа, сега е разрушена.

42. Во 1950 година Велјановци направија куќа во местото викано Дупките или Стените Стеваноски покасно сопствено на Благоја Велјаноски. Оваа куќа сега е зачувана од синовите на Благоја.

43. Во 1951 година Јанкоски Ладе направи куќа на чајрот над Богдановци. Мајстор беше марулецот Бошески Борис од Коле, сега куќата е срушена.

44. Во 1951 година селото го изгради селскиот задружен дом или наречена канцалријат, сега е рушевина.

45. Во 1951 година браќата Мурџески Јованче Степан и Мите направија куќа на брегот кај нивата трло во местото викано Долни Цуцул. Куќата сета од делкан камен со визба и предната страна со чардак. Кога се делија во зимата во 1953/54 година ова куќа му припадна на Јованче. Куќава сега е зачувана само половината во нејзе никој сега не живее.

46. Во 1952 година мурџеските браќа Јованче, Степан и Мите направија и друга куќа во куќното место во планот, ова куќа е иста како и првата на брегот со визба и чардак на куќата. Ѕидот е сиот од делкан камен. При договорот во делбата ова куќа му припадна на Степан. Степановава куќа е оставена сама и сета се распаѓа.

47. Во годината 1952 Танески Ордан направи приземна куќа долу во огратчето над Недан Танески. Куќава во форма беше правоаголник. Куќата денес не постои, е срушена.

48. Во 1953 година Јошески Киро Котески направи куќа на чајрот до нивното трло. Куќата е од камен со визба и чардак, погледот и е свртен на југ. Куќава сега е зачувана. Во летно време има посетители од неговото потомство берат и сушат тутун.

49. Домазетицата Најденка Богданоска Јанкоска со момчето Драган во пролетта 1954 година направија приземна куќа. Сега е уште целосна, до скоро беше трло за овци.

50. Мојсоски Крстев Кире Колески во 1954 година на нова куќа во местото на некогашното нивно трло. Куќата е приземна, но сега е во распад.

51. Во 1955 година Мицевите синови Дончо и Тане расчистија еден дел од старата плочена куќа и направија нова современа куќа. Куќата е приземна без визба со дивит убави нови камење исто така со модерни прозорци и врати. Оваа куќа беше прва куќа во Марул направена со дивит. Браќата Дончо и Тане Танески живееа заеднички во куќата се до 1968 година до нивната делба. Тане тука го заврши животот до 2009 година. Сега куќата е осамена без никого, но е зачувана од нејзино распаѓање.

Продолжува

Loading