НОРЧИЈА КУП

Историја

Во февруари 2005 година екипата Победа, тогаш македонски шампион, учествуваше на ,,Норчија купот,, во истоименото италијанско гратче во регионот Умбрија, во провинцијата Перуџа. Учеството беше во рамките на подготовките за пролетниот дел од првенството од Првата лига, каде беше заземена третата позиција, под Работнички и Вардар.

Прилепскиот тим беше во Б-групата, каде одигра три меча. Прво против словенечката Свобода од Љубљана постигна триумф од 5:0, кога по 2 гола дадоа Гешоски и С. Крстев, а 1 Емерсон. Потоа беше поразот со 0:3 од романската Орадеа. На крајот од групната фаза се случи поразот со 0:2 од романскиот Васлуи. На табелата Орадеа стана прва со 9, Васлуи  втор со 6, Победа трета со 3, Свобода последна без бод. Турнирот продолжи со мечевите за пласман. Во борбата од 5 до 8 место Победа загуби со 0:1 од словенечката Бела Крајина, и го заврши настапот.

Настапија 20 играчи: Тофилоски, Ѓокиќ, Омо, Капинковски, Дамевски, Мегленски, Вујовиќ, Н. Здравески, Апостолоски, С. Крстев, Гешоски, С. Здравевски, Шалевски, М. Нацев, Стисниовски, Б. Ѓорѓиоски, Маневски, Димитровски, Емерсон и Пашоски. Тренер беше Србинот Петар Курчубиќ.

Победник на турнирот стана романскиот Поли униреа ласи.   

Loading