Фудбал – Трета лига
Во првите кола од Трета лига – Југ се одделија неколку тима со убедлива игра и резултати. Но, тоа беше само привид. Но, нема сигурни фаворити. Повеќе екипи имаат шанса да се искачат на врвот од табелата. Дури 5 тима имаат по 18 бода: Локомотива од Градско, Превалец од Велес, Напредок од Крушеани, Ново Црнилиште и Дојранско Езеро. Не заостануваат многу Обршани со 17 и Братство Житоше со 15. Во претходното коло Напредок со 6:2 славеше победа во Големо Коњари. В недела се игра интересен меч Напредок – Братство.
Лигата е со екипа помалку, Габер, која не одигра ниту еден меч.