НАВИКНАА НА ПОРАЗИ

Фудбал – Победа

Тргни – застани, тргни – застани..! Вака некако се движи екипата Победа во првенството од Втората лига – Исток. Во клубот се борат со сите сили, во тешки околности даваат максимум. Тоа не е доволно за конкурентност за повисоко место на табелата како што доликува на клупското име. По нерешениот резултат во Радовиш со Плачковица, дома се случи поразот со 1:2 од Кожуф. Игра во која домаќинот напаѓаше, очекуваше два пенала од судијата, а тој не виде ниту еден. Гостите од контри беа опасни и дадоа два гола, за на крајот од пенал да намали Гешоски.

Седми пораз на Победа, покрај 4 нерешени и 3 победи.

В сабота е гостувањето на Осогово во Кочани.

Табела: Брегалница 36, Тиквеш 31, Кожуф 22, Слога 20, Кит-Го 19, Саса 16, Победа и Осогово 13, Плачковица 10, Росоман 8.

Loading