БЕЛ ДЕН ЗА АНТОЛОГИЈАТА НА ШЕСТ НОВИ МАКЕДОНСКИ ДРАМИ

Во издание на МТФ ,,Војдан Чернодрински,,

,,Еуродрам 2020 – избор нови македонски драми,, е Антологијата што ја изададе МТФ ,,Војдан Чернодрински,,. Содржани се шест текста од македонски автори, избрани како најдобри меѓу 25 нови, необјавени и неизведувани драмски дела напишани на македонски јазик, а пријавени на конкурсот на Еуродрам -Европската мрежа за современа драма и превод во јануари 2020 година. Приредувач и автор на предговорот е Иван Додовски.

Застапени се драмите: ,,Грејс Кели не пие бамбус,, од Давор Стојановски, “Помеѓу змејот и неговиот бес,, од Сашо Димоски, “Саатот,, од сограѓанката Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, “Деспот Кољ,, од Атанас Вангелов,”Трогледало,, од Ана Стојаноска и ,,Белешките на немиот писател,, од Никола Кузелов.

Понуден е синоптички увид во најновата драмска продукција на македонски јазик, која покажува не само генерациска, тематска и жанровска разновидност, туку и творечко проникнување со најдоброто од современата светска драматургија – велат приредувачите.

Антологијата ќе се претстави на 55-то издание на МТФ ,,Војдан Чернодрински,, в година. Избраните македонски драми се препорачуваат за сценска изведба и за превод на други јазици преку мрежата на преведувачи на Еуродрам.

Еуродрам е европска мрежа за современа драма и превод со седишта во Париз и Луксембург. Обединува повеќе од 300 членови, организирани во 30 јазични комитети. Го поттикнува преводот на современи драми од Европа, Централна Азија и Медитеранот, правејќи ги достапни за театарските професионалци и за публиката, во духот на независноста, рамноправноста и јазичната разновидност.

Loading