Во Прилеп се изречени 97 санкции: 31 за нерегистрирани возила, 19 возеле без возачка дозвола и четири за возење под дејство на алкохол
Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (02.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Битола и Прилеп, при што санкционирани се 196 возачи.
Во Прилеп се изречени 97 санкции, меѓу кои, 31 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистриранивозила), 19 за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и вонаредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.