ОК ВМРО-ДПМНЕ: ЗА ДВА МЕСЕЦИ 111 ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА (ВИДЕО)

Во неполни два месеци градоначалникот Илија Јованоски и власта на СДСМ  распишаа огласи за дури 111 партиски вработувања во услови  кога Прилеп е веднаш зад Скопје во дневните корона статистики. Јованоски и СДСМ соочени со реалноста дека ништо не реализираа во овие три години локална власт, ја полната администрацијата и плаќаат партиски вработувања со  пари од граѓаните. Ова меѓу другото беше речено на денешната прес конференција на ОК на ВМРО – ДПМНЕ што ја одржа Влатко Петкоски, портпаролот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Vlatko Petkoski - portparol na VMRO-DPMNE

                ,,Прилеп ги живее најтешките денови од пандемијата со Ковид-19, а за градоначалникот Илија Јованоски и власта на СДСМ, единствено важно е отчестувањето со своите партиски послушници. 111 нови партиски избраници се сместија во јавните претпријатија и општинската администрација на грбот на граѓаните, во услови  кога Прилеп е веднаш зад Скопје во дневните корона статистики. Малку беа 85 вработувања во Комуналец и 18 во Водовод и канализаицја, па сега и општина Прилеп објави оглас за вработување на 8 партиски кадри. За Јованоски и СДСМ не е важно што болницата кубури со медицински персонал и лекари. Не е важно што болницата зависи од донации на граѓани и фирми и не е важно што половина од дуќаните во чаршијата затворија, и цели семејства останаа без егзистенција. За овие луѓе единствено е важно да ги обезбедат нивните луѓе, роднини и послушници. Денеска исто така ќе го прашаме градоначалникот: Дали е вистина дека огласот кој е наменет за вработување на припадник од ромската заедница во општина Прилеп е само фарса, како што тврди на социјалните мрежи советникот од СДСМ, Адем Мамудоски? Дали се точни коментарите на Мамудоски каде вели дека на ова место ќе вработите друго лице, иако во огласот јасно и гласно стои дека е наменето за нашите сограѓани Ромите?

Почитувани сограѓани, Ова е реалноста и вистината за Прилеп. Јованоски и СДСМ соочени со реалноста дека ништо не реализираа во овие три години локална власт, ја полнат администрацијата и плаќаат партиски вработувања со ваши пари. Вистинските виновници поради кои граѓаните немаат соодветна здравствена заштита и поради кои стравуваат за своите животи, се градоначалникот Илија Јованоски и Министерот наречен “се е под контрола”, Венко Филипче.  Чувајте се и чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најмили, затоа што ним не им е грижа за вас – рече Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на денешната прес  конференција.

Loading