Ракомет
Пандемијата ништо не му може на женскиот ракометен тим Деспина. Екипата имаше проблеми со паузи и неодиграни мечеви, сепак откако почна редовно да игра, бргу се врати во ,,колосек,,. Прво беше победата над Ѓорче Петров во Скопје со 32:14. Ангела Камческа даде 6, Сања Цветкоска 5 гола. Потоа дома со убедливи 26:20 совладана е Стружанка, екипата која ретко губи. Најискусната Мери Конеска постигна 10 гола. Се очекува сигурен триумф и над аутсајдерот Овче Поле во Свети Николе. Следуваат два меча дома. В недела е дуелот со Шампион, а в среда со фаворитот Металург.
Машката екипа Прилеп треба вторпат да се сретне со Металург во Скопје.