ОДНАДВОР ЗЕДОА 4 БОДА

Победа

Конечно тргна подобро. Екипата на второлигашот Победа нареди три меча без пораз. По победата од 2:1 (стрелци Давид Јошески и Дарко Анѓелески) во Росоман, дома беше киксот од 2:2 (стрелци Антонио Бошески и Благојче Дамевски) со Саса, кога домашниот, израмнувачки гол е постигнат од пенал во 93 минута. Во средата земен е бод од Радовиш со нерешен резултат против Плачковица, 0:0. Наредниот меч, в сабота (13 ч.) на Могила, е со третопласираниот Кожуф. Има шанса за искачување на табелата.

Табела: Брегалница 35, Тиквеш 30, Кожуф 19, Кит-Го 18, Слога 17, Саса 15, Победа и Осогово 13, Росоман 8, Плачковица 7.

Loading