ТРИК ПРОТИВ ПРАШИНА

Ослободувањето на подолг период од здодевеното и напорно чистење на прашината на домашните предмети и мебел се чини со марифет и само со една состојка. Решението е многу евтино и едноставно.

Нема ништо поиритантно од таложењето на прашина на површините, особено откака се средил домот детално. За 24 часа пак се забележува, иако била детално избришана.

Тајната состојка е глицеринот кој се купува од аптека. Не само што чисти прашина, туку и спречува појавување подолг период. Се мешаат 5 литри вода со 3 лажици глицерин. Се натопува крпа во мешавината и се бришат подовите, огледалата и мебелот.

Глицеринот е ефикасен и за елиминација на дамки од кафе или чај од облеката. На свежа дамка се нанесува комбинација од кујнска сол и глицерин во однос 1:1. Штом дамката избледне, облеката се пере на стандарден начин. Со крпа натопена во малку глицерин се третираат изгребаните делови од кожната облека или мебелот. И за детално чистење на прозорците, се користи раствор од глицерин и етил алкохол во однос 1:10. Со растворот се пребришуваат прозорците.

Loading