Фељтон: Томе Велјановски (76)
Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.
Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.
Војници трудоваци заедно со Јовчески Ванѓел и Јованоски Димитрија во бугарската армија 1942 – 1944 година
Јованоски Димитрија, с. Марул;
Јовчески Ванѓел, с. Марул;
Мајстороски Анѓеле, с. Бонче;
Гангале Милан, с. Бонче;
Пантуш Ванчо, с. Бонче;
Дојчиноски Војне, с.Бонче;
Лискоски Борис, с. Добрушево;
Главино Јован, с. Мојно;
Иваноски Атанас, с. Мојно;
Темјаноски Коле, с. Маково;
Стојаноски Петко, с. Чаниште;
Попоски Мице, с. Лопатица п-ко;
Стомнаро Цветко, с. Лопатица п-ко;
Иваноски Киро, с. Подмол;
Штркоски Најдо, с. Путурус;
Котевски Марко, с. Алинци б-ко;
Головодоски Василе, с. Алинци п-ско;
Василески Павле, с. Беровци;
Кебакоски Милан, с. Кадино село;
Јуруко Тоде, с. Галичани;
Чевларо Благоја, гр. Прилеп;
Пашоски Борис, Штавица;
Чкуроски Коста, с. Штавица;
Мишески Иван, с. Штавица;
Палашоски Борис, с. Клепач;
Пројчески Глигур, с. Тополчани;
Данаил, с. Тројкрсти;
Недан, с. Тројкрсти;
Јован, с. Иваневци;
Ристев Васил, с. Светотодори;
Лалески Божин, с. Светотодори;
Гугучкаро Блаже, с. Бучин;
Макало Тоде, с. Г. Коњари;
Попоски Ладе, с. М. Коњари;
Сипка Дико, с. Мажучиште;
Орде, с. Вранче;
Јованче, с. Вранче;
Алексо, с. Врбјани п – ко;
Ѓуров Злате, с. Манастир п – ко – м – во;
Ладе, Кавадарци;
Панов Ладе, Саса;
Богдан, с. Крнино, велешко;
Бејајче Милош, с. С. Лагово;
Дуде Димче, гр. Прилеп.
Градење приватни куќив о с. Марул
По завршувањето на Првата светска војна во 1918 година македонскиот народ бил оштетен како со човечки жртви, исто така и економски. Се почнало за нов живот. Печалба за земја, стока, покуќнина и куќи за живеење. Собирале капитал кој како што можел со своите способности.
1. Кулата од Стојче Танески денес Мицеска е направена прва куќа во с. Марул во 1919 година. Плитарите биле правени во место Чуките. Во ова куќа биле направени првите две свадби после војната за младоженците брачедите Мице и Трајан Танески во есента 1919 година.
2. Втора куќа е направена во 1920 година амбарите Стојчески Танески сега беше куќа од Недан Танески.
3. Трета куќа е направена куќата на Јованоски Митрев Илија Курела со договор од селото вратен од Прилеп. Селото му го одредило местото и му ја направиле куќата во 1912 година за таа услуга Илија ги пасел селските говеда две години без наплатена руга за гојдарлако.
4. Оваа куќа под број четири од Василоски Милан е соградена во 1924 година. Со делбата помеѓу стрикото Дамјан и неговите внуци од братот Васил, Стојан, Мицо и Јован дошло до препирка и тепачка при берење на лозјето во местото Капка русечко во есента во 1924 година. Јован внукот мавнал на стрикото Дамјан со кое го тропчкал грозјето и го усмртил. После убиството на Дамјан тепачот Јован доби осум години затворска казна до 1932 година. Неговата жена Менка, се мисли на Јованица се дели во една соба од куќата и се откажува за понатамошно исплаќање на борчот за градбата на куќата.
Браќата на Јован, Стојан и Мицо и понатака го исплаќаат борчот на куќата до крај додека имало борч за исплаќање со парични средства некаде до 1938 година. Во 1932 година Јован си иди од затвор, си ја зема фамилијата, жената Менка и децата Трајан 1920 и Алексо 1923 и се преселува во трлото на чајрот и откажува за да учествува со плаќање на долгот за куќата со зборот, ни плаќам, ни барам дел од куќата.
Јован надарен мајстор за градба и ѕидар, лека по лека трлото го претвори во куќно живеалиште. А додека браќата Стојан и Мицо продолжија да го исплаќаат борчот за куќата Мицо нема потомство се догледува кај братот Стојан. Мицо умира во 1943 година.
Стојан го има делот од братот Мицо. Стојан умре во 1955 година имотот го презеде неговиот син Милан Борачо. По умирањето на Милан во 1987 година синот Трајче постана негов наследник на имотот. Трајче се исели во Скопје и куќата ми ја продаде мене Велјановски Томе во 2006 година. Ја реновирав.
Површина на куќата 12 метра е долга, 8 метра е широка, таа е двоспратна. Предната страна 12 метра е со чардак, ѕидот е сиот од камен.
5. Во 1925 година Павлески Јован направил нова куќа. Таа куќа беше направена кул. Сега не постои. Урната е.
6. Во 1925 година Павлески Петре братот на Јован направи двоспратна куќа напредниот дел целсоно беше со чардак сега не постој, е срушена.
7. Во 1925 година Ристески Илијев Петре Јанкоски е направи. Неговата куќа денес постој, само половината.
8. Во 1926 година Ристески Ѓорчев Богдан Јанксоки ја направи неговата куќа, денес е рушевина.
9. Во 1930 година Таневци браќата Стојче и Ризо направија куќа во ново купеното место оградата од Котески. Куќата е од Трајан сега е на Благоја Танески. Куќата е здрава, читава сега.
10. Во 1932 година Ристески или Дамјаноски Јован откако дошол од затвор фамилијарно се делил од браќата Стојан и Мицо во трлото на чајрот и трлото го преправил во куќа за живеење, благодарение на неговата дарба за мајсторлак, ѕидар, покривачи малтарџија.
11. Во 1936 година Таневции Стојчевци ги направиле амбарите, покасно сопственик на Трајан Танески, денес постојат целосно како и куќата.
12. Во 1938 година Јовчески Велјанов Ристе Велјаноски направи нова куќа, денес сопствена на Јовчески Зоран.
13. Во 1939 година Дамјановци направија нова куќа кула со надворешни скали, денес е рушевина.
14. Во 1928 година Павлевци Јоновци припуштија дел до старата плочена куќа, денес уште постои.
15. Во 1939 година на повратникот од Прилеп Петрески Велјанов Петре Бабјак селото му додели место меѓу горно патче за на падарница и селскиот пат за Лозница. Исто така селото му поможи со сиот потребен материјал, камен, дрва за покрив, трска, колци и мајсторлак. Петре се здоби со сопствена куќа. Се дели од родителите на неговата сопруга Божин и Јана Котески. Во 1966 година куќата ја подкрена, куќата беше модерна со современи прозорци и врати, со подрум. Сега е оставена сама на себе, незаштитена е, во распад.
16. Во 1939 година Таневци горните – Стојановци уште не делени браќата Крсте, Тане и Блаже со братучедите Димко и Ордан заеднички направија куќа на ново купеното место од Мемишица Салијоска. Комшии на Петре Бабјак. Куќата Танеска постои, здрава куќа.
Продолжува