ПЕТ ТИМА СЕ БОРАТ ЗА ТИТУЛАТА

Фудбал: Заврши есенскиот дел од Женската лига

-Деспина е на третото место

Despina

Едно од најинтересните првенства е во Првата женска фудбалска лига на Македонија. Во есенскиот дел, кој штотуку заврши, се издвоија пет тима, кандидати за титулата државен шампион. Најмногу постигна Саса (13 победи и 1 пораз), Тиверија (11 победи, 2 нерешени  и 1 пораз), Деспина (11 победи, 1 нерешен и 2 пораза), Скопје (11 победи, 1 нерешен 2 пораза), Ас унитед (11 победи, 1 нерешен, 2 пораза). Меѓу нив се бара новиот првак. Затоа особено ќе бидат привлечни нивните меѓусебни пресметки.

За Прилеп првенството е уште поинтересно поради успешните настапи на Деспина. Од можните 42 бода, освои 34, бидејќи загуби со по 1:0 од Саса во Каменица и од Ас унитед во Струга, а одигра 0:0 во Скопје. Од 11 победи, највредна е во дербито со Тиверија во Струмица со 2:1. Не треба да се потцени победата дома со Речица со триумф од 2:0 со головите на Анастасија Илиевска и Ангела Стојковска. Цврстите гости беа разбиени дури во 86 и 90 минута. Така, Деспина останува сериозен кандидат за титулата, иако првопласираната екипа има 5 бода повеќе. Напролет распоредот е поповолен. Дома доаѓаат сите конкуренти – Саса, Тиверија, Скопје и Ас унитед.

Табела: Саса 39, Тиверија 35, Деспина, Скопје и Ас унитед по 34, Речица 23, Истатов и Шкендија по 21, Топ-Гол 16, Љуботен 15, Борец 13, Шкупи 11, Атлетико 10, Плачковица 3, Кочани 0.

Loading