ИЗДАДЕН АЛМАНАХОТ „ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2019“

Манифестацијата Поетско Маркукуле со долга традиција, освен оваа, заради корона кризата, успева да ги собере поетите од цела држава под едно заедничко поетско ѕвездено небо. Подоцна плод беше заедничкиот Алманах.  Веќе излезе новиот зборник “Поетско Маркукуле 2019” во издание на Клубот на литературни творци од Прилеп и со поддршка од локалната самоуправа. Заастапени 51 поет и љубители на пишаниот збор од сите градови од земјава.

-Магијата на поетовиот збор и убавата мисла се сврзувачки јазол меѓу небото и земјата, публиката и писателите, кои во прегработ на поетското Маркукуле ја вознесуваат инспиративната вдаховена мечта, изразена преку сликовитоста на зборовите. Под небото на Маркукуле секоја година се раѓаат зборовите на поетите од сите краеви на Македонија и живеат нивните пораки во налетот на ветрот, во шумолењето на листовите на гранките, во сеќавањата до следната средба. Поетското Маркукуле е сентиментална исповед на душата на македонските поети кои ја симболизираат вербата во пишаниот збор кој му пркоси на ,,забот на времето” и го чува од незаборав собраното со магичната моќ. Зборникот од песните е запис од исконскиот поетски збор – вели Снежана Паноска, претседател на Клубот на литературни творци.     

Loading