ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ Е НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОК НА ВМРО – ДПМНЕ

dejan prodanoskiИзвршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ даде виза Дејан Проданоски да биде нов претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател и актуелен пратеник, Петар Ристески. Проданоски беше досегашен потпретседател на ОК и советник во Советот на општината Прилеп.

Проданоски е соодветен избор за прв човек на еден од најголемите комитети во државата и човек кој ќе го поведе членството кон нови победи. ВМРО-ДПМНЕ е партија која изобилува со кадри, а изборот ќе донесе обединување, посветеност и работа.

-Градиме тим од чесни, лојални и посветени луѓе, тим кој ќе предложи конкретни предлози и решенија за справување со последиците од пандемијата со корона вирусот, како и конкретни проекти за развој и напредување на Прилеп. Сега е вистинското време за обединување. Како ОК ги повикуваме сите граѓани, интелектуалци, членови и симпатизери на партијата, да се вклучат и да помогнат во ставање крај на лудилото, кое минатите 3 години го наметна Зоран Заев и неспособната локална самоуправа, водена од градоначалникот Илија Јованоски – изјави Проданоски.

Според партијата, со новиот претседател, ОК ВМРО-ДПМНЕ гради тим на луѓе блиски до народот кои ќе донесат голема победа на локалните избори в година.

Loading