СЛИКИ „ОД МЕМОРИЈАТА“ НА БЕДИ ИБРАХИМ

Изложба

 “Од меморијата” е тематската изложба од уметникот Беди Ибрахим што се отвори денеска во Ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”.

За Конча Пиркоска, авторот реферира временски фрагменти, акумулирани сеќавања, суптилно запишани во менталниот и емотивно визуелизиран дневник.

-Изборот од страниците на дневникот се селектирани на 9 различно интонирани реди мејд предмети. Инсистирајќи на изворна морфологија, само со минимална скулпторска и колористичка интервенција и комбинација, на скулптурите и објектите им ја дели улогата на наратори. Говорат за функцијата во времето и за индивидуалниот и колективен заборав. Оттука, во фонот, во потекстот на делата, авторот во извесна смисла, се препознава себе си и се  презентира како конаратор, соучесник, надополнувајќи ја играта на  нараторите  што се одвива меѓу имагинацијата и реалноста. Низ ремеморирањето се раскажуваат различни приказни, потсетувајќи ги набљудувачите на битни универзални пораки… Интердисциплинарниот скулпторско-сликарски концепт   не само што ја доградува личната креативна архитектура на времето, туку низ  создавањето реферира длабоко разбирање и почитување на законите на редот кои владеат со космичкиот принцип, со принципот на нераскинливата врска на времето минато со времето сегашно – вели Пиркоска.

Ибрахим е дипломец на ФЛУ на одделот за скулптура. Престојувал на Универзитети во Истанбул и во ателјето на познатиот архитект Џенгис Бекташ. Истражувал и во Кападокија. Редовен  професор  на вајарскиот оддел и актуелен декан на ФЛУ. Се занимава и со сликарство и сценографија. Имал над 20 самостојни изложби во земјата и во странство и бројни групни учества на локалната и меѓународната сцена. Добитник е на три национални и меѓународни награди.

Loading