ПОВРЗАНОСТА НА ВИРУСОТ СО МАГНЕЗИУМОТ

Недостигот на магнезиум создава тешки облици на корона 19. Откриени се совпаѓања со симптомите и состојбата на дефецит на магнезиумот, кој учествува во стотици витални функции.

Ковид 19 најтешко ги погодува лицата со здравствени проблеми, како дебелина, хипертензија, дијабетес и хронична опструктивна болест на белите дробови. Подложни се на тежок развој на болеста. Овие болести се поврзани и со ниското ниво на магнезиум. Тоа дополнително ја влошува здравствената слика.

Тешки случаи на Ковид 19 со смртни исходи кај постарите упатуваат на недостиг на магнезиум, поради земањето на различни лекови за придружните болести. Станува збор за поврзаност меѓу ниското ниво на витамин Д и корона вирусот. За да се активира витаминот Д во организмот, неопходен е магнезиумот. Без доволно магнезиум, не може да се искористи витаминот Д.

Фактор е и односот меѓу магнезиумот и стресот. Најсилен ефект на пандемијата е зголемениот стрес поради карантинот, ограничувањата и страв од економската неизвесност. Хормоните на стресот го движат магнезиумот од клетките во вонклеточниот простор. Тоа доведува до засилено лачење на магнезиумот преку урината. Со помалку магнезиум расти нивото на хормонот на стрес. Тоа е маѓепсан круг на пад на отпорноста и натамошен губиток на магнезиумот од организмот.

Оваа теза не е конечна, но е веројатна.

Како и да е, најдобро е магнезиумот да се зема преку храната, богата со овој минерал. Соодветниот внес е услов за нормално одвивање на бројни метаболички функции и поддршка во борбата со стресот предизвикана од пандемијата.

Loading