ОСЛАБЕНИ СТИГНАА ДО ПОБЕДА

Фудбал

Победа по долго време постигна триумф во Росоман со 2:1. Стрелци беа: Давид Јошески и Дарко Анѓелески, двајцата младинци. Во тимот дури деветмина беа младинци. Отсуствуваа поискусните, голманот Котевски, бранителите Дамевски и Колевски, за врска Дунимаглоски, напаѓачот Гешоски. Иако победата е над аутсајдерот Росоман, таа носи надеж за искачување погоре од 7 место од табелата. В сабота на Могила (13 ч.) е мечот со Саса.

Женскиот тим Деспина, по вредното реми 0:0 во Скопје, со 4:0 дома го совлада битолски Топ-Гол. Во средата на дербито во Струга Ас унитед – Деспина (1-0). В сабота е мечот дома со Речица.

Loading