„ОЧИ ПОЛНИ СОНЧЕВИНА“ ОД АНДРИАНА РИСТЕСКА

knigaНова збирка на песни

Потесесата Андриана Ристеска на мераклиите на поезијата им понуди нов дар. Ја објави збирката поезија “Очи полни сончевина” во со 45 песни. Со силни, супериорни стиховите предивикува пријатно треперење на душата.

Тоа што поетот може да го стори со својата поезија, ни мајстор не може да го исткае на машина. Рецензентот Гордана Петров Такец забележува дека Ристеска е вечен и неуморен воин во потрага по вечна љубов како симбол за припаѓање, заедништво и компактна целина на еден дом, на едно семејство.

-Стиховите се за секое време, секогаш актуелни, безвременски и се читаат вечно. Тие се жива материја која постојано раѓа и се обновува стремејќи се кон опстојување, напредок, растеж и повозвишена, поскапоцена и поимпресивна убавина… Зрелоста знае смело и гордо да ја отвори вратата на новиот ден, на изгрејсонцето, на светлината, да ги  прифати со двете раце убавините на животот и да ги подари на душата на читателот. Збирката внесува свежина низ силен фонд на изрази – посочува Такец.

“…Сета надеж што ја имав,

 ја пуштив високо да полета,

А оттаму илјадници птици ми долетаа,

волшебна песна

нашироко се разлеа,

до мене стигна,

срцето ми го распеа.”

Ова се стихови од насловната песна на нјановата збирка. Ристеска е автор на наградената збирка “Цвет во аманет”. И другите стихови биле наградувани. Дел се објавени во антологијата “Љубовен чардак”.

Loading