СЕКОЈ ВТОР ТЕСТИРАН ПОЗИТИВЕН НА КОВИД

Olivera Adzioska direktor

Со брзите тестови

Од 44 прилепчани дури 25 се позитивни, покажаа денеска брзите тестови за Ковид -19. И вчера, брзото тестирање во пунктот во Здравствениот дом утврдило  дека секој втор прилепчанец , е позитивен односно од 40 тестирани, 20 биле позитивни. Бројките се застрашувачки. Директорката Оливера Аџиоска на ФБ профилот на Здравствениот дом каде се вршат брзите антигенски тестови за Ковид -19 напиша:

Голема благодарност од пациентите и матичните лекари , после првото  успешно и беспрекорно организирано изведување  на брзите тестови за Цовд -19  за 20 минути во нашиот град , од страна на обучените лаборанти , со што се скрати должината на чекањето и  детекцијата,   превенцијата и терапијата кај суспектните пациенти. Резултатите во најкратко време беа доставени до секој матицен лекар ,  а со истото темпо продолзуваме и утре .  Голема благодарност до Министерството за здравство и Министерот сто ни овозмозија  оваа замисла да стане реалност !

Инаку, пунктот започнува со тестирање во 8 часот. Дневно се тестираат по околу 40 пациенти кои се закажани од своите матични лекари преку системот Мој термин на секои 5 минути, а резултатите се готови за 20 минути , а потоа ги испраќаат кај матичните лекари .

 За Прилеп од Министерството за здравство пристигнати се вкупно 250 тестови.

Zdravstven dom

Loading