Мотоциклист со тешка повреда

Црна хроника

Policija-lenta

Мотоциклист се здобил со тешка телесна повреда и бил пренесен в болница откако се судрил со моторно возило. Сообраќајната незгода помеѓу патничкото моторно возило „нисан примера“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(41) од Прилеп, и мотоциклот „томос“ без регистарски ознаки, управуван од П.Ш.(62) од Прилеп се случила на 16 ноември околу 16 часот ул  „Поп Аврамија“ во Прилеп, информираат од МВР.

П.Ш. бил пренесен во Градската болница Прилеп каде му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Loading