Фељтон: Томе Велјановски (74)
Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.
Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.
Откако се обединија клубовите ФК Веслец и ФК Подмол, подмолските играчи голманот Стојкоски Бојко браќата одбранбени играчи Митрески Цане и Гоце Ѕубероски Тоти напаѓачите играчи браќата Иваноски Тоде и Живко Москоски се придружија во ФК Веслец и со тоа заеднички го дочекаме крајот на фудбалскиот натпревар во општината Тополчани за 1963/64 година. Никогаш, ни марулци нити пак подмолци пријавија свој фудбалски екипи за натпревар во општината Тополчани.
Откако се повлече ФК Веслец од општината Тополчани се настави да се игра фудбал аматерски во празници, неработни денови на старото игралиште наречено брегот Павлески. Во недела денот во летниот период младинците се слободни, се играше по два пати во денот, пред ручек и после ручек.
На неколку средби се имаше одиграно пријателски фудбал со фудбалската екипа од с. Ерековци на наш терен во с. Марул и како гости во Подмол и Путурус. За нашиот аматерски фудбал ние имаме добри играчи. Фудбалот во Марул беше и остана како перспективен поим за културен напредок и соработка со останатиот свет. За аматерскиот фудбал во Марул имаше добри играчи. Фудбалот во Марул беше активен, во подем се до почетокот на седумдесетите години од минатиот век. Школовањето и селидбата село град со празнењето на селото, домот остана осамен, празен.
Ден за ден задружниот дом почна да се распаѓа како и испразнетите куќи. Во ноќно време тишината е претворена во уткино утање. Довикување од едниот до другиот крај на селото.
Уште од време на колективот па се до последната генерација во Марул секогаш се играше со кожена топка. Тогашните топки во минатото време беа поразлични од сегашните топки. Тогашните внатрешни штромбели беа со гумено цревце преку тоа цревце се пумпаше штромбелата со пумпа или со уста. Откако ќе се напумпаше топката ќе се подврзеше цревцето свиткано два пати, се внесуваше внатре во кожната футрола, се покриваше со заштитниот јазик сошиен на футролата, се врзуваше устинката на топката со специјален конец провнат низ дупките на отворот на футролата и топката беше готова за играње. Со топките без цревце полесно се ракува. Кога се играше фудбал во Марул се правеа две екипи од по единаесет играчи. Квалитетот на екипите секогаш беше прилично изедначен од двете страни за играта да биди поинтересна. На крајот играта завршуваше другарски во мир без разлика која екипа ќе извојува реми или победа. Секое едно нешто што се работи му треба и поправка. Така беше и со фудбалската топка. Доваѓаше до пукање на конците или пак истишување на воздухот од штромбелата а и треба поправка. Мајстори за таквите поправки секогаш беа први Павлески Борис, Павлески Гоце и Јовчески Томе Велјановски. Топката секогаш беше навреме направена. Уште од времето на колективот играчите ценеа по квалитетот на играта. За најдобри играчи тогаш беа означени Павлески Аце, Мирко, Коле и Ристески Богоја Мурџески. Богоја и Коле кога играја везеја со топката. Милина беше човек да ги гледа кога играа.
За втората генерација оценката е еднаква за сите исто. Поради нивната жртвеност за да се оснива фудбалскиот клуб Веслец. Исто така ја дадоја својата максималност во игра колку што можеа за клубот Веслец. Нивните екипни имиња се запишани во овој материјал.
За третата генерација најдобри играчи за фудбал беа Василоски Киро, Ризоски Панде Бошески и Јовчески Слободан Велјаноски. Василоски Киро беше одличен играч, добри дриблинзи, добар и прецизен удар, добар соработник. Ризоски Панде беше брз, снаодлив во дриблинзите. Неговиот квалитет го одведе да игра за добрушески Партизан.
Јовчески Слободан беше добар фудбалер со добри потези и дриблинзи, бестрашен во секој дуел со противникот. А уште подобар ракометар. Во осмолетката во с. Канатларци во ракомет странката на Слободан беше победник. Често пати ја веселеше домашната публика против странските екипи. Неговиот тренер 87 годишниот учител Стојаноски Богдан во разговорите не заборава да го спомни Јовчески Слободан.
Поради со подмолци играме заедно во пролетната сезона во 1964 година, па да запишеме нешто нешто за најдобрите нивни играчи Стојкоски Бојко, Бошески Митре, Иваноски Тоде, Москоски Мирко, Петрески Миле Бешлак.
Ударници
Атанасоски Мицев Тане Танески во 1947 година беше ударник три месеци на проектот цепење на реката Црна кај с. Скочивир, битолско.
Анѓелески Најдов Живко Стеваноски во 1948 година ударник беше еден месец на проектот копање на коритото на реката Црна кај с. Скочивир, битолско.
Дамјаноски Дамјанов Никола ударник беше три месеци во 1947 година на копањето на коритото на реката Црна кај с. Скочивир, битолско.
Јованоски Јованов Душан Курела во 1948 година ударник беше еден месец при работењето на проектот на коритото на реката Црна кај с. Скочивир, битолско.
Дојчиноски Божинов Благоја Јолески во 1947 година беше ударник три месеци, работеше копање на коритото на реката Црна кај с. Скочивир, битолско.
Равлески Ванчо Петрев во 1948 година беше ударник еден месец при работата на коритото на реката Црна кај с. Скочивир, битолско.
Ристески Ристев Цветко Цане Јанкоски ударник беше во 1948 година еден месец работеше на коритото на реката Црна кај с. Скочивир, битолско.
Ристески Танев Китан Танески во 1948 година ударник беше еден месец на работа на проектот на реката Црна кај с. Скочивир, битолско.
Митрески Ристев Цветан Мурџески во 1947 година беше ударник еден месец на пругата Шабац – Сараево помеѓу Босна и Србија.
Петрески Јованов Атанас Мурџески во 1947 година ударник беше еден месец на пругата Шабац – Сараево помеѓу Босна и Србија.
Јовчески Ристев Ванѓел Велјаноски ударник беше еден месец во 1951 година во местото Босанска Крупа во западна Босна, сечење и влечење на дрва од тамошните планини.
Петрески Велјанов Ванѓел Бабјак заедно со Јовчески Ванѓел беше ударник еден месец во 1951 година во Босанска Крупа, западна Босна сечење и влечење дрва од тамошните непроодни планини.