Крушево
На 1350 м. надморска височина се распослало малото гратче со богата историја, Крушево. Се смета за највисок град на Блаканот. Во 18 век го населиле Власите од Москополе и Мијаците. Заедно дошле и православни Албанци кои со времето се асимилирале истанале Власи. Затоа, и ден – денешен, еднакво се употребуваат и македонскиот и влашкиот јазик. Поради насилствата од Турците и арнаутските зулуми, христијанското население мигрирало.
Местоположбата, историското минато и сегашноста предизвикале Крушево да прерасне во голем туристички центар. Панорамата на градот воодушевува, оти на дланка се одржаните или обновените домови и куќи во автентична македонска архитектура со мали прозорци и балкони. Старите куќи од камен се живи уметнички дела од 18 и од 19 век.
Поради поволните климатски, географски, историско-културни специфики, градот е претворен во туристички центар со повеќе сместувачки капацитети, особено во зима. Но, и во лето, кога бројни туристи најдуваат ладовина во атрактивниот амбиент на вискоте букови кории.
Во близина постојат скијачки терени за алпско скијање, патеки за нордиско скијање и бијатлон, жичарница во центарот и два ски лифта на терените. За лете погодни се патеките за планински велосипедизам, спортскиот рекреативен центар со пет терени за мал фудбал, ракомет, тенис, одбојка и два терени за голем фудбал. Потоа, спортската сала за одбојка и кошарка со 300 седишта.
Градот е богат и со цркви и манастири, споменици, музеи. Храмовите, со архитектурата, доминираат во урбаната средина. На посетителите им ,,лежат,, Св. Богородица од 1867 г. градена од обработен камен. Св. Никола е како централен столб на градот. Се наоѓа во чаршијата. За време на Илинденското востание во 1903 г. црквата како и дел од градот биле опожарени и урнати. Црква Св. Јован е позната како влашка. Таа е најсочуван сакрален објект во центарот. Св. Тројца е на периферијата, кај хотелот Монтана. И овој храм бил жртва на огнени јазици, но бил обновен. Црквата на манастирот Св. Спас е изградена 1826 г. Таа е идеална локација за бегство од горештини во летни климатски услови. Манастирскиот комплекс Св. Преображение е кај месноста Ручало во живописен природен амбиент.
Посетителите се ,,лепат,, на спомениците и музеите. Споменикот Илинден е најпрепознатливи монумент. Симбол е на непокорот, борбата и вечниот стремеж на македонскиот народ за национална слобода. Споменикот Мечкин Камен претставува востаник со високо подигната камен карпа над главата. Го доловува последниот очајнички миг во борбата на востаниците од четата на легендарниот војвода Питу Гули. Споменикот Слива е асоцијација на јунаштвото и саможртвата на македонските востаници при одбраната на Крушевската Република на 12 август 1903 г. Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република се наоѓа во страрогратска куќа од 19 век. Во неа во 1903 г. е прогласена Крушевската Република. Поставена е и поставка на леарницата за куршуми од Илинден 903 г.
Крушево стана метаза фановите од целиот Балкан на Тоше Проески. Гробот му е постојано со луѓе, како и манастирскиот комплекс Преображение, за кој Тоше, донираше многу пари за возобновување.
Лете привлекува манифестацијата – Крушево – Етно град. Низ улиците се шетаат крушевчани во автентични народни носии кои егзистираат и го враќаат времето назад.
Градските мајстори уште таинствено го негуваат оригиналниот марифет за подготовка на специјалниот вкус на крушевскиот локум и целуфките.