„ДРАМИ“ НА ГАБРИЕЛА СТОЈАНОСКА СТАНОЕСКА

,,Драми,, (Трудници/Тајни) е новата книга од писателката Габриела Стојаноска Станоеска. Авторката мајсторски навлегува во интимните човекови чувства и прецизно ги доловува најсуптилните нијанси, раскошните бои на тагата, радоста, лутината, љубомората, среќата, исчекувањето, неспокојството… Во пиесата ,,Трудници,,, се раскажуваат одмолчени приказни на многу жени поврзани со слични судбини – губење на својот плод во бременоста. Пиесата ,,Тајни,, ја отвора потребата од искрена комуникација во меѓучовечките односи и ,,забранета,, тема – женската сексуалност. Пиесата им дозволува на девојчињата, девојките и жените од различни возрасти отворено да ги доживуваат своите најинтимни пориви и чувства за кои не се зборува, а често се ,,избришани од сеќавањето,,.

Според драматургот Лидија Митоска Ѓорѓиевска, двете пиеси, со смелиот и комплексен израз, создаваат автентичен пример за женско писмо.

Збирката ,,Драми,, (Трудници/Тајни) е четврта книга на Стојаноска Станоеска.

Loading