ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ КУПУВААТ ПРОСТОР ЗА КЛУБ ВО ТОЧИЛА

penzioneri

Со позитивните финансиски резултати, Извршниот одбор на Здружението на пензионерите, реши да се купи просторија за клуб за членството во Точила. Наместо да се плаќа кирија, ќе се обезбеди простор и пензионерите ќе имаат свое катче за разонода.

Одлуката ќе е валидна и за купување на други простории, ако се најдат можности и ако бидат финансиски прифатливи.

Заради намалениот обем на активности на културен, спортски и рекреативен план, паднати се и финансиските трошоци.

Пензионерите со примања до 12 илјади денари ќе добијат 50 отсто од трошоците за бањско – климатско лекување. Оние до 17 000 денари, ќе бидат субвенционирани со 30 проценти. Пензионерите со примања до 22 000 денари ќе добијат намалување на трошоците за 20 отсто.                                                                                                                                   

Loading