Концерт
Сопранот Ана Митоска во придружба на гитара на Илија Чакароски вечерва од 19 часот ќе одржи солистички концер. На програмата се дела од Џ. Дауланд, Х.Перол, Џ. Качини… Со концертот, поддржан од ЦК ,,Марко Цепенков,, и локалната самоуправа, Митоска одбележува 10 години солистичка кариера.
Сопранот Митоска е дипломец на соло пеење на ФМУ во Скопје. Имала настапи во Македонија, Италија, Бугарија и Хрватска. Остварила соработки со повеќе македонски и европски ансамбли, диригенти и инструменталисти. Над една деценија работела во Македонската опера и балет, настапувајќи на бројни манифестации. Од 2018 година е во ЦК ,,Марко Цепенков,, како стручен соработник за музичко – сценска дејност, каде продолжува како солист, музички соработник на активните ансамбли под покровителство на Центарот. Таа е и музички соработник во театарот ,,Војдан Чернодрински,,.
Чакароски е дипломиран гитарист од музичка академија во Софија.. Еден е од најактивните музичари на сцената во Прилеп и во земјата. Професор е по гитара во музичкото училиште.