ПРВОТО ДРЖАВНО ШАХОВСКО ПРВЕНСТВО

Историја

Летото 1992 година во Струга се одржа првото Државно поединечно сениорско шаховско првенство на Македонија. Во конкуренција на 36 шахисти до првата титула шампион стигна Звонко Станојоски, член на ШК Еуроинвест 11 Октомври од Прилеп. Тоа беше голем успех за прилепскиот шах, надоврзан на претходните, титулата државен пионерски екипен југословенски шампион на ШК Тутунски комбинат, во која освен Станојоски беа Звонко Хаџипопоски, Жарко Бошкоски и Горан Тодороски, титулата пионерски државен југословенски шампион на Татјана Василеска, како и пласманот во Втората југословенска лига на ШК Црн бор и ШК Тутунски комбинат.

Станојоски до првото место стигна со само 1 пораз, 3 реми, 7 победи. Меѓу највредните победи беше против прочуениот интермајстор Јован Софревски, постигната со црни фигури. На табелата Станојоски се оддалечи со 8,5 поени.

Станојоски тогаш беше фидемајстор, подоцна стана интермајстор, а од 2004 година е велемајстор.

Loading