ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА НИШТО НЕ Е СИГУРНО

Фудбал

-Победа се подготвуваше, а не знаеше дали ќе игра во Пехчево

FUDBAL

 Короната – досега најчудниот, најневидливиот, но и најголемиот непријател на животот, вклучително и на спортот, причината за прекинот на претходното првенство, прави проблеми и во тековното. Во Втората фудбалска лига – Исток се одиграа 9 кола, па се оптиде на принудна пауза. Комисијата на ФФМ објасни дека тоа се должи на измените на Протоколот за спроведување мерки за заштита од коронавирусот и стапување на сила на Општиот протокол за организирање натпревари. Натпревари немаше, а тренинзи имаше. Доколку сé е во ред, првенството треба да продолжи в недела, кога Победа гостува на Кит-Го во Пехчево. Овој ривал со 4:1 беше совладан во Прилеп. Оттука надежта за освојување барем на првиот гостински бод.

-Тренираме без застој иако не се знае со сигурност дали в недела ќе се игра. Не сме начисто како да ги спроведеме тренинзите. Тешко е – вели тренерот Дарко Крстески. 

Табела: Тиквеш и Брегалница по 23, Кожуф 16, Слога 12, Осогово и Кит-Го по 9, Победа и Саса по 8, Росоман 7, Плачковица 6.

Во Третата лига – Југ до одложувањето на 30 октомври се одиграа само 4 кола.  Се очекува продолжување в недела, но ништо не е сигурно. Водечкиот, Напредок Крушеани, со гол-разлика 16:1, оди во Марена, 13-топласирана на табелата. Екипата Ново Црнилиште има тешко гостување во Крушево кај Питу Гули, бившиот второлигаш. Интересен меч има во Лажани, каде Братство го чека Младост од Кривогаштани. И во Големо Коњари се најавува жесток дуел, со Динамо Мажучиште. Проблем ќе има за екипата ФК Обршани, со оглед на дуелот со секогаш квалитетниот противник, Превалец од Велес.

Во Женската лига паузата беше подолга поради короната и настапот на репрезентацијата. Во 10 коло на 17 октомври Деспина со 3:1 ја победи Шкендија во Тетово, а в сабота дома игра со тетовски Љуботен. Се очекува висок триумф, за потоа мислите да бидат свртени кон Пржино, каде е гостувањето на лидерот Скопје. Шансите за првото место постојат.

Табела: Скопје 27, Ас унитед 25, Деспина и Саса 24, Тиверија 20, Речица 17, Топ-Гол16, Шкендија и Љуботен 15, Истатов 9, Борец 7, Плачковица 3, Шкупи 2, Атлетико 1, Кочани 0.

Има надеж дека викендов ќе продолжат општинските лиги. Повисокиот ранг треба да го одигра второто, а понискиот – првото коло.

Loading