ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (73)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Со самото оснивање на омладинскиот актив се појавија непотребни проблеми, грешки. Ја изгубивме селската задруга во која имаше простории, место за сите активности за возрасни и омладински потреби.

Во училиштето не можеше стално да се одржуваат состаноци поради просветата, не дозволуваше за други активности освен за наука. Служителот на училиштето бараше екстра надница за чистењето на просторијата после одржани состаноци, поради губи екстра време за чистење на просторијата.

Исто така, голем проблем беше за комуникација со општината Тополчани. Марул оддалечено 11 километри без никаков превоз. Секретарката и благајникот беа отсечени за сите потреби со општинската администрација тополечка. Не знаеја велосипеди да возат. Имаше девојчиња кои знаеја велосипеди да возат, ама не добија избирачки мандат.

Секретарката не успеа да обезбеди ни омладински членски книшки, ниту пак печат да обезбеди. На 21 септември 1964 година на денот Мала Богородица илегално се омажив во Битола за Василе од с. Путурус, преселен во Битола. Со тоа нејзината активност престана во с. Марул. Исто така беше и со благајничката. И таа ништо подобро не направи за младинската организација. Сето тоа зависеше од секретарката, нешто повеќе ќе направеше благајничката. Младината остана без членски книшк и печат, не се плати никаква членарина, не се отвори жиро сметка.

Времето одминуваше, трпението се намалуваше, идејата почна да се губи. Каде што требаше да даваат свој потпис секретарката и благајничката за нивното отсуство никој друг не можеше да ги замени.

Одговорните работи на претседателот и подпретседателот на време беа завршувани. На таков начин престана да важи активноста на младинската организација во с. Марул.

Во есента во 1968 година се слушна непотврдено да дошло некое лице, претставник од младинската организација од прилепската општина кај свој познат пријател во Марул. Овој прилепски претставник како гостин ја поминал ноќта кај својот пријател и наредниот ден, утрото си заминал за Прилеп. Повеќе никогаш не се спомнало за некаква омладинска организација и активност во с. Марул.

Политички гранки или организации во Марул во времето на ФК Веслец и младинската органзиација 1963/64 година

1. Општа селска конференција; 2. Боречката организација; 3. Комунистичката организација; 4. Позадината од НОБ; 5. Социјалистичката странка; 6. Цивилната заштита; 7. Ловечкото друштво.

1. Селска конференција, нема членство, сите се добредојдени на состаникот и е најголем орган во селото.

2. Боречката Организација

1. Атанасоски Дончо Танески; 2. Атанасоски Јован Танески; 3. Атанасоски Тане Танески; 4. Василески Алексо Василоски; 5. Велјаноски Велјаноски; 6. Дамјаноски Никола Дамјаноски; 7. Ѓорѓијоски Дончо Јанкоски; 8. Јованоски Алексо Јоноски; 9. Јованоски Лазар Тодороски; 12. Петрески Ванчо Бабјак; 13. Петрески ванчо Мурџески; 14. Ризоски Борис Бошески; 15. Ристески Блаже Танески; 16. Ристески Ордан Танески; 17. Стојаноски Тоде Котески.

3. Комунистичка партија

1. Анѓелески Живко Стеваноски; 2. Атанасоски Дончо; 3. Атаноски Јован; 4. Велјаноски Благоја; 5. Јованоски Трајче Јанкоски; 6. Павлески Игне; 7. Петрески Ванчо Мурџески; 8. Јовчески Томе од 20 декември 1965 г.; 9. Новачески Јован Димитријоски.

4. Социјалистичка партија

1. Анѓелески Живко; 2. Дамјаноски Ристе; 3. Мојсоски Благоја Колески; 4. Петрески Атанас Мурџески; 5. Петрески Митре Бабјак; 6. Петрески Димитрија Бабјак; 7. Ристески Богоја Танески; 8. Стојаноски Ѓорѓија Котески.

5. Цивилна заштита

1. Димоски Драган Јанкоски; 2. Ѓорѓијоски Стојан Николоски; 3. Јованоски Димитрија Курела; 4. Јованоски Душан Курела; 5. Јовчески Ванѓел Велјаноски; 6. Ристески Димко Танески; 7. Ристески Крсте Танески; 8. Цветкоски Милан Димитријоски; 9. Петрески Томе Бабјак.

6. Ловечкото друштво

1. Ѓорѓијоски Дончо; 2. Велјаноски Благоја; 3. Јовчески Ванѓел; 4. Павлески Ванчо; 5. Павлески Игне; 6. Ристески Ладе; 7. Новачески Јован.

7. Позадината од НОБ

1. Атанасоски Мице Танески; Василоски Милан Борачо; 3. Јованоски Тодор Бубуз; 4. Новачески Јован Димитријоски; 5. Ристески Крсте Танески.

Од овие горе наведени организации имаше поединци за поддршка на ФК Веслец. Но, во мнозинството на општа конференција во селото ја губеа проценката за помош за простории на клубот и младинскиот актив и фудбалскиот терен за клубот Веслец. Од тој аспект ФК Веслец ја изгуби поддршката за фудбалски простори и фудбалско игралиште во с. Марул.

Фудбалскиот клуб Веслец во есенскиот дел од фудбалскиот натпревар во општината Тополчани за 1963 година заврши испод половината на табелата. За пролетниот дел за 1964 година започна за домашно игралиште на ФК Веслец му беше пак одредено во с. Ерековци.

Сепак се појавија недостатоци во ФК Веслец. Играчите на клубот кои живееја на стан во Прилеп заради школовање се осеќаа уморни, презафатени со учењето за распусни оценки за учебната година. Дојди си во Марул за преслекување тргни со велосипедите и понеси храна со нив на утакмицата. Појди си во Прилеп касно уморени двајца на еден велосипед после утакмицата. Се појави криза за велосипедски гуми почна да се прават бандаши на гумите, не сигурна работа, качи се на велосипедот, откажи бандашот.

Од утакмица до утакмицата се појавуваше криза за играчи се ангажираа и надворешни играчи. Некогаш обетиле и не дошле. Со тоа недоволен број на играчи на два пати беше оштетен ФК Веслец отсвирени со 0-3 за противничкиот клуб. И подмолскиот ФК Подмол се најде во иста ситуација како и марулскиот Веслец. За да бидат исфрлени од лигата ФК Веслец и ФК Подмол се оебединија, фузираа во еден клуб Веслец. Проблемот со подмолскиот клуб беше во тоа што повеќе момчиња отидоја на отслужување на воениот рок во ЈНА и на неколку момчиња клубски играчи преселување во Прилеп. Исто така и подмолскиот клуб Подмол за домашен терен го имаше фудбалското игралиште.

Продолжува

Loading