НАГРАДИ ЗА ТРЕТИ НОЕМВРИ

IMG 1213

Новинарот во пензија Миле Талески е носител на награда за животно дело Златна плакета која Локалната самоуправа традиционално ја доделува по повод празникот на ослободувањето на Прилеп, Трети Ноември. Највисокото општинско признанието е круна на неговиот особен придонес во развојот на новинарската професија.

Златна плакета за животно дело, постхумно, í е доделена на интерпретаторката со потекло од Прилепе, Нина Спирова, за особен придонес и создавање трајни вредности во музичката уметност.

{AG}623/praznik{/AG}

За посветеност, одговорност и пожртвуваност при справувањето со пандемијата на Ковид-19, награда Плакета Трети Ноември добија Одделот за инфектологија при болницата, Службата за итна медицинска помош и домашно лекување при Здравствниот дом, прилепското одделение од Институтот за  трансфузиона медицина во Скопје и Одделението за епидемиологија при Центар за јавно здравје во Прилеп. Добитник на Плакета Трети Ноември е и прилепската фирма Гифт текс за висока општествена одговорност во справувањето со пандемијата. За придонес во заедницата преку младински волонтеризам и хуманитарни активности, Плакета Трети Ноември доби прилепскиот Лео клубот.

Носители на диплома Трети 3 Ноември” се   Ванѓел Здравески, член на медицинскиот тим што ја изврши првата трансплантација на срце во  во земјава, Асен С. Стаменов, за особен придонес во развојот на литературното творештво,

Киро Здравески, за постигнувања во областа на џудо спортот и Андон Јованоски – Ашата, за постигнувања во областа на театарската уметност.

Постхумно, Диплома Трети Ноември му се додели на Вељко Силјаноски, основоположник на македонската фонетика, фонологија и компаративна книжевност.       

Loading