КОГА ЌЕ ИМА ПРОДОЛЖУВАЊЕ?

Ракомет

Тешко секаде, па и во ракометот. Корона-вирусот го наруши есенскиот дел од Супер лигата за мажи. На 29 октомври требаше да се одигра мечот во Битола меѓу Еурофарм Пелистер 2 и РК Прилеп. Одложен е и не е одредено кога ќе се одигра. Во машкиот ракомет има пауза и поради репрезентативни настапи. Дури по неа е наредниот дуел со Металург во Скопје.

Слично е и во Женската лига. Екипата Деспина повеќе одмара, отколку што игра. Откако дома го совлада Спартак – загуби од Чаир, на гости ги совлада ЖРК Гевгелија и Пелистер – загуби од ЖРК Куманово, се одложи дуелот со Вардар во Скопје. Последниот меч беше ЖРК Куманово – Деспина 43:14 на 23 октомври. За да заврши барем првиот круг треба да се одиграат мечевите дома со Шампион, Металург, Вардар и Стружанка, на гости кај Овче Поле во Свети Николе, со Кузман Вардар и Ѓорче Петров во Скопје.

Loading