Две во едно во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи
Нов В.Д. директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи е економистот Виктор Талески. Според изборот на министерот за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, тој ќе ја води оваа значајна институција на местото од досегашниот прв човек Дејан Тошески. Но, два дена подоцна Владата го именува В.Д. директорот Талески и за член на Управниот одбор на институцијата од редот на вработените.
Пратеникот на ВМРО – ДПМЕ Ане Лашкоска напиша на ФБ профилот – одговорност и ,,Кадија те суди, кадија те тужи,,.
Според законот за спречување на корупцијата, овие две функции се неспоиви и има конфликт на интереси. Прашање е дали ќе се заинтересира Антикорупциската комисија.