ЕМ В.Д. ДИРЕКТОР, ЕМ ЧЛЕН НА УПРАВЕН

Две во едно во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи

Нов В.Д. директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи е  економистот Виктор Талески. Според изборот на министерот за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, тој ќе ја води оваа значајна институција на местото од досегашниот прв човек Дејан Тошески. Но, два дена подоцна Владата го именува В.Д. директорот Талески и за член на Управниот одбор на институцијата од редот на вработените.

Пратеникот на ВМРО – ДПМЕ Ане Лашкоска напиша на ФБ профилот – одговорност и  ,,Кадија те суди, кадија те тужи,,.

Според законот за спречување на корупцијата, овие две функции се неспоиви и има конфликт на интереси. Прашање е дали ќе се заинтересира Антикорупциската комисија.               

Loading