ДОНАЦИЈА НА 100 ТАБЛЕТИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА

Витаминка и Преспав

 

simona simonoska

Витаминка и Преспав донираа 100 таблети за семејствата кои немаат можност да купат смарт уреди за следење онлајн настава на своите деца. 50 таблети се за Прилеп и 50 за Битола. Иницијативата на Витаминка ја поддржа и ОХО продукцијата. Се одвива преку Министерството за образование и наука кое го состави списокот на корисниците на донацијата, а доставата до семејствата ќе се одвива според приоритетот и потребите. На предавањето на донацијата присуствуваше и министерот за образование Мила Царовска.

За Симона Симоноска од Витаминка, донацијата претставува придонес на компанијата за поуспешно следење на образовниот процес на децата од  социјално загрозените семејства.

Градоначалникот Илија Јованоски истакна дека таблетите се добредојдени, особено за ученици од социјално ранливите семејства во ОУ ,,Добре Јованоски,,. Тој соопшти дека е во тек тендер за набавка на таблет уреди за следење на наставата за 17 милиони денари. Веќе се набавени лаптоп компјутери за осум милиони денари за наставниците во средното и основното образование.

Donacija 3

Според Царовска онлајн наставата се спроведува солидно. Учениците и наставниците се навикнале и се задоволни од квалитетот на наставата онлајн. Таа рече дека процентот на успешно следење на онлајн наставата, стигна до 90,2 отсто во земјава или висок процент на ученици кои ги следат наставниците преку интернет.

Здравствената криза создаде нови услови во кои недостатокот од финансии, опрема и средства е сé почест и во поголеми размери. Социјално загрозените семејства се соочени со најмногу проблеми. Затоа е потребно бизнис секторот да помогне во секој аспект.

-Во услови на пандемија граѓаните се соочуваат со големи предизвици, од економски, социјален и од образовен аспект. Покрај помошта на здравствениот сектор и на семејствата во социјален ризик, компанијата високо го цени образовниот процес и верува дека е многу важно обезбедувањето на непречен и рамноправен пристап до образованието дури и во овие услови. Се надеваме дека донацијата ќе поттикне помасовна и поголема ангажираност на бизнис секторот за помош на граѓаните – велат од Витаминка.

Loading