ДЕЛА ОД КОЛОНИЈАТА ДРЕН 2020

Изложба

Од средата па во наредните две недели, љубителите на ликовната уметност во ликовната галерија можат да ја проследат изложбата на дела од годинашната 12-та ликовна колонија Дрен 2020 на која учествуваа 14 сликари. ЦК ,,Марко Цепенков,, ја организира колонијата со физичка дистанца. Уметниците не се дружеа, туку твореа во сопствените ателјеа. Делата ќе останат во трајно наследство на ЦК. Ги отсликуваат видувањата и импресиите од секојдневието, пренесувајќи ја со љубов уметничката душа на платното.

Изложени се дела на Џигдем Ѓуллу, Беди Ибрахим, Мирко Вујисиќ, Микица Трујкановиќ, Драган Најденовски, Марија Стојаноска Петковски, Тони Чатлески, Мирјана Крстева – Масети, Владимир Темков, Жани Гелевска, Марјан Стојаноски, Александра Димитрова, Ангел Коруновски, Тамара Танкоска.

Колонијата Дрен се одржува од 2008 година. Учествувале на 150 творци кои создале над 300 дела за уметничката колекција на ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Loading