Сосетките си седат и си пијат кафе и едната и се жали на другата:
– Давај некој совет, што да правам?
Ристе ме тепа секој пат кога си доаѓа пијан.
– Не се секирај, го знам лекот.
Купи си чај од камилица и кога ќе се прибере пијан, започнувај да правиш гаргара.
Ристејца не видела некоја смисла во советот, но сепак решила да проба.
По една недела еве ги двете пак заедно.
Тепаната и вели на другата:
– Леле, Господ да те благослови!
Откако почнав гаргара со камилица, со прст ме нема допрено.
– Ееее, па прашај паталец, друго е кога ќе ти биде устата затворена…