ТРИ ИЛЈАДИ ГЛЕДАЧИ ЗА ПЕЛИВАНИ

Историја

Во 1974 година во Дебреште имаше Меѓународен турнир во пеливанство – народно борење. Учествуваа вешти борачи од Македонија и гости од Турција. Околу борилиштето на отворен простор присуствуваа околу три илјади гледачи. Сведоци беа не само љубители на борењето од околните села, ами и од Прилеп, Крушево, Битола, Тетово, Гостивар и други места. Манифестација беше обновена, а традицијата продолжи и наредните години.

Loading