Сликната е капијата и дрвената ограда од старата болница. Гинеколошкото одделение било во просториите на сегашната брза помош. До него хируршкото. Интерното одделение било кај “заразно”. Имало и оддел за лекување деца, рентген снимање и очна амбуланта. Некогаш до камениот столб од оградата имало мазен камен за кој велат дека бил турски гроб. Водичката која се собирала во длапка од карпата била лековита.
Сега тоа се дел од реновираните и искористени простории. Никна и катче со нишалки за децата со посебни потреби при Дневниот центар. Крај соблекувалните на фудбалскиот стадион, дел од просторот е претворен во паркинг.