ОБЛАГОРОДЕНА ПРИРОДАТА ВО МАРИОВО

4

Воодушевува рекреативниот парк на реката Коњарка кај селото Скочивир во битолскиот дел од Мариово. Изграден е со пари на ЕУ. Наречен е ,,Жива историја – жива природа 2,,. Прераснува во атрактивен викенд центар, чиј секундарен фокус е заживување не само на селото, туку и на другиот дел од недопреното, но иселено Мариово, богато со разни ресурси.

Рекреативниот комплекс е рај за очите во чистата животна средина. Секој викенд е посетен од стотици луѓе. Претставува искра за развојот на руралниот туризам. Со архитектонското решение е соѕидано коритото на реката со камен. Поставени се видиковци, клупи, маси, изградени се места за подготовка на скара на жар и просторот е опремен со канти за отпадоци, реквизити за деца… Вкусно аранжираната хортикултура дава посебен шмект за рекреација. Во селото Зовиќ е автентично рехабилитираниот камен мост од пред векови. Реновирање доживеа и куќата на Калеш Анѓа. И црквата Св. Димитрија во селото Градешница е реставрирана.

6

Промоцијата на македонското културно наследство и фолклор добија нова димензија и поттик за одржување и негување на традицијата. Но, и за комерцијална функција за заживување на чистата природа на напуштеното Мариово.

Рекреативниот парк е граден преку проектот за заштита на културното наследство на ЕУ. Соработката со земјава се ефектуира преку европските пари за развој на опустошените предели со раскошна исторска и културна  нитка. Во одредена мера веќе се чувствува развојот на руралниот и алтернативниот туризам.

Мариово и Кајмакчалан станаа магнет за туристите не само од Македонија, туку и од земјите од ЕУ, особено од Франција, бидејќи војниците воделе најжестоки битки на фронтот и загинале илјадници Французи на бојното поле.

Франција го финансира проектот за сто годишнината од крајот на Првата светска војна.

8

Loading