ДОНАЦИЈА НА САНИТЕТСКО ВОЗИЛО

Германската амбасада за болницата

els 0089-1

Болницата доби санитетско возило на подарок од германската амбасада преку Центар за граѓански иницијативи. За заменик-амбасадорот, Ото Граф, задоволство е да се помогне, особено поради тоа што транспортот на пациентите е еден од проблемите на здравствениот систем.

Драган Богоески, директорот на болницата, вели дека секоја донација е добредојдена, а санитетското возило е потреба.

-Со брзиот транспорт до клиниките во Скопје со санитетското возило, растат можностите за спасувањето на животи – рече Богоески.

Граф посакува малку да се користи возилото.

Loading