БАЈКАТА КАЈМАКЧАЛАН

Kajmakcalan

Почетната точка на походот на Кајмакчалан е реката Црна, селото Скочивир во Мариово на 576 м.. До врвот на Ниџе делат околу 35 км и 2000 м. искачување на 2521 м.

Патот не се минува со автомобил, туку само со теренско возило или пеш. Природата е прекрасна. Многу шума и ловишта. За седум часа пеш се стигнува до горната караула. Од 1900 м., кон врвот испраќаат стадо овци, овчарот и неколку овчарски кучиња. Исчезнува бујната гора. Нема сила. Просторот се отстапува на широките пасишта. Понекаде се распослани карпи во природа. Нагоре се назира Кајмакчалан. Ги дели Македонија и Грција. Патот е питом и лесен. Благ. Не е суров за силни напори и за срцебиење. Лесно се чекори со глетката кон врвот во облаците и со препознатливата црквичка. Се граби од едно кон друго враќањето во минатото. Сé појасно се гледаат контурите на врвот. Радост се раѓа на секое лице. Сонцето де се мурти, де се магли, де се смее на дофат од Кајмакчалан. Бајка е желбата поскоро да се совлада последната делница.

Добредојде со ведрина душата. ,,Падна,, врвот Кајмакчалан на местото Св. Пророкот Илија. Освоен е со силата на животот. Само убавина. Пелистер, Мариово и Селечка. Грција, Негушка планина и Островското езеро. Тука е спомен црквата на паднатите војници од Кралството Србија во Првата светска војна. Блиску е спомен костурницата со стотици черепи и мошти на војниците. По еден век се препознаваат ископаните ровови од Солунскиот фронт низ кои се наоѓаат по некое парче метал од оружје.

Loading