ЗАШТИТА НА ИКОНОСТАСОТ ВО ЦРКВАТА СВ. БЛАГОВЕШТЕНИЕ

ikonostas

Наскоро ќе почне заштитата на вредниот иконостас во црквата Св. Благовештение. Анализите на Заводот и Музеј покажуваат дека запрен процесот на разјадување на што укажува дека нема опасност да падне.

-Заштитата на дрвениот и насликаниот слој значи спас од уништување на вредниот иконостас. Запрен е процесот на разјадување од штетинци – велат од Завод и Музеј.

Обезбедени се пари за конзерваторските работи.

-Располагаме со околу 150 илјади денари за конзервација на иконите во иконостасот. Во втора фаза ќе се третираат иконите во црквата. Тоа е макотрпна работа – вели Благоја Атанасоски, директор на Музејот.

Иконостасот е со димензии 16х7 м. Ремек дело е на познатиот зограф Петре Гарката од пред 180 години кога е градена црквата. Иконостасот е прв по големина во земјава, а трет по вредност, веднаш по иконостасите во Бигорскиот манастир и во скопската црква Св. Спас.

Loading