УСПЕШНО СПРАВУВАЊЕ СО КОВИД КРИЗАТА

КОМФИ АНГЕЛ

Вработените во Комфи Ангел покажаа висок степен на одговорност за заштита на здравјето. Заради одговорно однесување и почитување на мерките за заштита од Ковид 19, спроведени во компанијата, релативно мал е бројот на заболени.

Управителката на Комфи Ангел, Ирена Јакимовска им се заблагодари за одговорниот однос на работниците.

-Животните предизвици се огромни. Се охрабруваат вработените. На располагање е стручна психолошка помош преку ,,Линијата за психолошка помош и поддршка,, отворена секој работен ден. Доверливоста и анонимноста се загарантирани. Мисијата на Комфи Ангел – ,,Градиме компанија која ќе постои и после нас,, продолжува – информира Јакимоска. 

Покрај редовните плати, на група работници им е исплатена и 13-та плата, а на друга група регресот за годишен одмор (К-15). И во кризниве времиња, компанијата ја одржа месечната лотарија солидарниот фонд кој овојпат е доделена за помош за лекување на дете на вработен.

Loading