ОД ХОТЕЛ ЈАДРАН НИКНА ПРИЈАТНО МЕСТО ЗА ОДМОР

Слики на минатото

Mestot na nekogasniot hotel Jadran pretvoreno vo katce za odmor na plocnikot Cento

Една од некогашните гордости на прилепчани хотелот  Јадран остана само убав спомен на кој се сеќаваат постарите зашто будел убави мигови. Хотелот на Чесновци бил место за чамче муабети на боемите, коварџии, средби на кафанџиите, ноќевања и гоштевања на гости. Шлагворт на уживањето биле милозвучните гласови и струните на тамбурите на прилепските тајфа на чалгаџии Шиндевци. Дури имало и летна бавча. Хотелот го посетувале сите, од случајни минувачи до кафански љубители. За жал, од Јадран не остана ништо уште во 80 тите години, но многу љубови, многу доживувања се врзани со него. Сега на местото од хотелот изникна пријатно катче за одмор. Штета што исчезна ваков дел од лицето на Прилеп, зашто градбата која имала посебно значење и пленела со својата уникатност и несекојдневност. Интересни биле балконите, а хотелот бил на три ката. Секој со свои оргиналности.

Loading