ДОБИВКА ОД ПОРАЗ

Фудбал – Победа

Не е неможно, при пораз да се добие. Тоа í се случи на Победа. Загуби дома од фаворитот, штипска Брегалница со 1:2, но ја доби – самодовербата. Прилепчаните се уверија во своите вредности, со силно спротивставување на кандидатот за првото место. Можеа и да победат по израмнувањето преку Филип Димоски. Пресудниот гол го примија во последната, 95 минута. Следат три гостувања: на Слога во Виница, Кит-Го во Пехчево и во Росоман.

Според планот одигра женскиот тим Деспина, преку триумф од 3:1 во Тетово со Шкендија, со головите на Ангела Стојковска, Сара Евтинџиоска и Јана Чубриноска. Следи меч дома со тетовски Љуботен.

Loading