Над 30 вешти возачи на автомобили меѓу кои и пет жени од Прилеп и од други градови ја мереа умешноста во возење на патеката од еден километар во Точила. Атрактивната трка со пречки, ќумци на импровизираниот уличен автодром привлече над илјади мераклии на ,,бесните машини на четири тркала,,. Гимканата (умешно возење) се возеше во рамките македонскиот шампионат во авто слалом. Бревтаа јако со стотици децибели силните машини со неколку стотици коњски сили, чкрипеа гумите да се обезбеди подобро време, додека бувташе адреналинот и кај возачите и кај набљудувачите.
За возбудата придонес даде и најстариот возач, ветеранот Христаки Давидковски. Со своите 65 години и специјалниот автомобил, ги засени младите возачи, освојувајќи го првото место со најдобро време.
Трката мина без никаков инцидент во организација на авто картинг клубот Фичо 600 од Скопје, во кој 90 отсто од членовите се од Прилеп.
Прилепчани одамна не биле сведоци на трка во вешто возење, која порано се организираше низ центарот на градот, обично за празникот 11 Октомври.