АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Зборот е најсилното оружје на човекот, но ретко правилно се употребува.

x

Кој има среќа не му треба памет, кој има памет му треба и среќа.

x

За гушнати птички љубовта нема граници.

x

Со навраќање во минатото се зема залет кон иднината.

x

Дојде редот и меѓу редарите да се воспостави  – ред.

x

Секогаш е расположен да им се придружи на оние кои постојано се одмораат.

x

Малодушниот никогаш нема да постане голем човек.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading