АЛИШТАТА ДА НЕ СЕ ПЕРАТ НА 30 – 40 СТЕПЕНИ

masinaПерењето алишта на 30 и 40 степени е грешка, особено за долната облека. Најчесто шарената облека сите ја перат на 30 или 40 степени, поради сензитивноста на материјалот и поради боите. Нема место за загриженост ако алиштата се пеглаат по перењето и сушењето. Но, не е добро доколку се облекуваат директно од сушење на жица. Имено, температурата на перење од 40 степени е на граница, а 30 е критична, бидејќи многу бактерии, како ешерихија коли, преживува и на 37 степени. При перењето облека на пониска температура, бактериите можат лесно да се задржат на ткаенината и да се пренесат. Со топлината и влагата од телото и да се размножат и ја забрзаат инвазијата, причинувајќи различни болести. Микробиолозите советуваат алиштата да не се перат на температура пониска од 60 степени, особено детската облека. Долната облека, крпите, кујнските крпи и постелнината задолжително да се перат на 90-95 степени.

Loading