НОВ ДАТУМ – 22 ОКТОМВРИ

Ракомет

Корона нема – корона има, променливи се вестите за епидемијата во ракометот во државава. По пауза од 30 дена, Супер лигата за мажИ, наместо на 16 октомври, најверојатно ќе продолжи на 22 октомври, кога е мечот во Кавадарци, Тиквеш – РК Прилеп. Поради короната, малку покуса, од 25 дена, се случи пауза и во Женската лига. Следниот меч за прилепска Деспина е во Куманово, на 23 октомври.

Можни се и нови измени, доколку има позитивни на тестовите кај екипите.

Loading