ДЕБИ МЕЃУ ПИСАТЕЛСКАТА ФЕЛА НА МАРИЈА КУЛЕСКА

KuleskaСо првенецот ,,Холограм од емоции,,    

,,Холограм од емоции,, е насловот на првата книга од младата сограѓанка, професорката по англиски јазик и книжевност, Марија Кулеска. Станува збор за постмодернистички роман со филозофско-психолошка содржина што предизвикува на размиса за смислата на постоењето, загубеното време и природното право да се биде идеалист со повод и причина.

-Животот гледан низ холограми, би изгледал како притаено движење на љубовта, под крошната на фриволноста на целиот свет. Гравура е човекот во очите на бесконечноста, талкајќи во сопствениот свет, барајќи значење за сопствениот живот. Тој е само нишка најбитна за сопственото постоење. Содржината пренесува дека детерминизмот е застарена филозофија. Кога човекот почнува сам да создава свој свет каде е центар на сопствените размисли, тогаш го разбира значењето на сопственото постоење. Во наративот се преточени приказни на жени, кои слободата ја согледуваат како интелектуален стремеж да се надминат осудите, маргинализацијата… Останува стремежот за издигање како разумно битие над тривијалноста во светот. Да ја преброди сопствената беспомошност е патоказ, кој води до ослободување на сопствената душа. Застанувањето цврсто, поткрепувајќи се на сопствените способности, е сижето на приказната – вели Кулеска.

Авторот е истражувач во лингвистиката и книжевноста, а пишувањето и е  хоби, како и учењето на нови јазици, филозофија и психологија.

Кулеска е дипломец по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Сега е магистрант.

Loading